594
Цела оваа филозофија ми е интересна. Ти си бил растен во средина каде те учеле и воспитувале да бидеш добар, да помагаш, да бидеш толерантен кон останатите и низ времето си пораснал со тоа убедување и си одлучил таков да бидеш и останеш. И наеднаш се судруваш со сосема обратен свет од тоа што си го градел до сега. Со луѓе кои не им е гајле за тебе, туку само за себе, што секогаш биле научени да грабаат и го зимаат туѓото макар и своето да било поголемо. И тоа те става на искушенија, дали да продолжиш онаков каков што веруваш дека треба да бидеш или да се приспособиш кон таквата средина само за да можеш да се носиш со ајкулите. Размислувам..