477
Четириесетгодишна гостиварчанка во полиција пријавила дека некој непознат сторител и ги злоупотребил податоците и направил лажен профил на социјалните мрежи, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, на лажниот профил била поставена фотографија од нејзината сестра, биле преземани и објавувани повеќе фотографии од нивното семејство, како и фотографии со недолични содржини.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.