370
Панче Ангелов осуден за насилство на министерката Радмила Шекеринска минатата недела побарал намалување на казната согласно Законот за амнестија, објави „Телма“.
Неговиот адвокат вели дека веќе поднел барање до судот и смета дека се исполнети условите неговиот клинет за добие 30 процентно намалување на казната. Доколку барањето биле одобрено наместо 4 години затвор, казната за Ангелов, кој ја кубеше за коса тогашната пратеничка, би се намалила на нешто под три години.
Од стапувањето на сила на Законот до сега на слобода излегле 600 осуденици, а уште речиси 200 ги чекаат решенијата за амнестија од судовите. На останатите затвореници за кои важи амнестијата, казните им се намалуваат за 30 проценти.