Милчин: Ние се уште не ја чувствуваме промената на власта

by fokus

Режисерот, Владимир Милчин, по повод неговата нова претстава „Ужегнатост“, упати критика до новата власт велејќи дека ништо не е променето. Милчин беше жесток критичар на претходниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, но не ја штеди ниту Владата на Зоран Заев.

На прашањето дали има забелешки за начинот на кој делува актуелната- новата власт, тој вели.

„Тие два лика нели, Првата и Втората, како што ги викаме во претставата, она што го говорат покажува дека всушност, речиси ништо не се променило. Ние сеуште во нашите животи, освен една редуцираност на пресијата и репресијата, ние не ја чувствуваме промената. Ние сме сеуште изложени на бомбардирање од некакви идеолошки флоскули, кои се една смеша од наследството на болшевизмот, на неолиберализмот и.т.н. Значи идеологиите веќе не постојат, освен како извор на зборови кои треба да го успијат граѓанинот и да го натераат не само да трпи, туку да мисли дека подобро не може од тоа. Тоа е страшно“, изјави Милчин за „Телма“.

Поврзани новости