Освен пратеничката Ангелинка Петкова, во изолација е и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој во изјава за „Фокус“ вели дека секако ќе дојде на гласање недоверба на Владата во четврток.
-Дали ке дојдам на гласање, секако дека ДА.
Во однос на неизвесноста, нема ништо неизвесно, имајќи го предвид протоколот кој што беше донесен од Комисијата за заразни болести, а применет во Собранието во едно претходно гласање, каде што се беше извесно.
Ако се сеќавате имаше и кривични пријави кои беа отфрлени, и констатирано дека се било во ред, вели Мицевски за „Фокус“.
Во април годинава, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ беа пратениците кои со скафандери дојдоа во Собранието за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата.
За ова тогаш жестоко се бунеше ВМРО-ДПМНЕ, но потоа Комисијата за заразни болести објави дека има протокол под кои пратеници позитивни на Ковид може да гласаат во Собранието, облечени во скафандери и во одвоена просторија во Собранието.
Катерина Смилева Божиновска