Нема да се прегласува во Желино, останува градоначалникот од БЕСА

by fokus

Нема да се прегласува во Желино. Управниот суд ја поништи одлуката за прегласување донесена од Државната изборна комисија.

БЕСА на одлуката за прегласување поднесе тужба која е прифатена, потврдија за Телма од прес службата на Управниот суд. Приговорот на ДУИ е отфрлен, а исто така е поништена одлуката за прегласување.

Целосната одлука ќе биде објавена во наредните 24 часа.

Со тоа останува конечниот резултат од вториот изборен круг во општина Желино, односно за градоначалник е избран кандидатот на движењето БЕСА.

Поврзани новости