Објектот во кој се наоѓа државната фирма за пренос на струја МЕПСО деновиве го менува својот лик. Според најавеното зградата веднаш до кејот на Вардар треба да добие барокен изглед најдоцна за две години, а таа задача за нешто повеќе од 10 милиони евра ѝ е доверена на градежната компанија „Бетон Штип“.
Препознатливиот објект ќе добие столбови слични на оние од старогрчката култура.
Самиот центар на Скопје е вистинско градилиште бидејќи во овој момент, покрај фасадата на МЕПСО почнува изградбата и на новата фонтана на плоштадот, а во тек се градежните работи за галиите на Вардар и Офицерскиот дом што го гради фирмата на грчкиот бизнисмен Димитрис Контоминас, кој се наоѓа веднаш спроти зградата на енергетската компанија.
При крај е и новата фасада на Владата на „Илинденска“ бр.2.