И Македонците во Велика Британија бараат демократски промени во Македонија

by Фокус

Стотина Македонци кои живеат и работат во Велика Британија денеска ја изразија својата поддршка на граѓанските протести во земјава.

Собирот започна во лондонскиот Хајд парк, по што групата граѓани се упати пред македонската амбасада каде на тамошниот претставник му предаде протестно писмо.

Тие ги поддржаа барањата на демонстрантите од земјава, меѓу кои се повлекување на аболицијата, одложување на изборите и воспоставување на преодна влада, а воедно ги повикаа меѓународните институции да се вклучат во решавање на политичката криза.

london 2 london 1

Поврзани новости