И Лиле сита и пензионерите на број

by lali

Владата во соработка со Градот Скопје изготви акционен план со кој ќе се надмине проблемот со загаденоста во метрополата и во исто време ќе се зголемат правата на пензионерите, најави вчера владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

– Како и обично и овој пат Владата ги ислуша сите засегнати страни и донесе одлука на која може да ѝ позавиди и Царот Соломон. Пензионерите бараа да не плаќаат во автобусите и во среда, додека партијата на зелените ДОМ на Лиле Поповска бараше барем еден ден во неделата да се ограничи сообраќајот во центарот на градот. Така премудриот премиер одлучи дека во среда нема да возат автобуси со што ќе се задоволат и двете барања. Ем пензионерите нема да плаќаат, ем еден ден ќе има помалку сообраќај – изјави владиниот портпарол.

Иако оваа одлука на власта предизвика многу негодувања, сепак треба да се потсети дека ова е дел од соломонските мерки на ВМРО-ДПМНЕ неветени ама остварени, како онаа дека ем ќе ги субвенционира тутуарите, ем ќе го забрани пушењето.

disklejmer

Поврзани новости