Движењето за социјална правда „Ленка“ ја предупреди јавноста за можност од предизборни манипулативни и популистички потфати на власта и на опозицијата. Од движењето побараа и промена на изборниот модел со што Македонија ќе биде една изборна единица.
-Во однос на договорените услови за наредните парламентарни избори, сметаме дека најголем проблем е изборниот модел кој се практикува во Р. Македонија која е поделена на шест изборни единици. Овој модел ја попречува појавата и освојувањето пратенички места на помалите партиии воопшто не ја одразува вистинската волја на граѓаните во однос на нивното претставништво во народното собрание. Затоа ДСП „Ленка“ бара итно воведување на нов изборен модел и прогласување на целата територија на РМ за една изборна единица, бараат од „Ленка“.
Тие реагираа и за идејата за трет „Албански универзитет во Скопје“ и сметаат дека тоа е само популистички потег од страна на ДУИ.
-Тоа е чисто популистички акт на владеачката партија ДУИ, која по којзнае кој пат на албанското работништво сака да му ги разбуди етничките страсти, а да ја занемери неговата исклучително лоша класна состојба. На Скопје и Македонија им требаат добри, квалитетни и пристапни т.е. бесплатни универзитети и образовни институции, а не културни установи од типот на албански или македонски, се вели во соопштението на организацијата, пишува во соопштението на левичарското движење.