Нови 200 илјади евра без ДДВ ќе се излеат од буџетот на град Скопје за новиот плоштад на ВМРО – ДПМНЕ. Градот планира парите да ги потроши за осветлување за пристапната улица до плоштадо, односно за поставување на канделабри.
Деновиве е објавен тендерот за избор на компанијата што треба да ги постави новите канаделабри и ќе трае до 19-ти август. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 12.363.274 денари или околу 200.000 евра. Главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена.
За пристапната улица што води до плоштадот од градскиот буџет веќе се потрошија над 15 милиони денари на почетокот од мај годинава.
Вчера на постаментот пред новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ беше постевен и лав. Пресметките говорат дека плоштадот пред новото седиште на партијата заедно со пристапната улица и осветлувањето ќе ги чини скопјани најмалку 1,7 милион евра.
На следниот линк на истражувањето на Призма можете да се информирате точно за што беа трошени парите, кој е автор на плоштадот, и како треба да изгледа кога ќе биде завршен,.