469
Неколку илјади граѓани, ученици, рекреативци и вљубеници во велосипедизмот денеска учествуваа во големото дефиле на велосипеди што по градските улици се возеше по повод Денот без автомобили и Европската недела на мобилност.
Дефилето го предводеа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заменик-министерот за животна средина, Стево Темелковски и заменик–амбасадорот на Европската унија во нашата земја, Роберт Лидл.