Иванов во 18:45 часот ќе се обрати на јавноста

by fokus 18:02
18:02

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати до нацијата, соопштија од неговиот кабинетот на претседателот.

Во соопштението не се наведува темата за која Иванов ќе зборува во 18: 45 часот.

Инаку, ова е четврто обраќање до нацијата на Иванов во последните два и пол месеци.На првото обраќање во април, Иванов ја најави аболицијата со која ги прекина сите судски процеси против политичари и нивни соработници. Потоа излезе во јавноста и децидно порача дека нема да отстапи од неговата одлука, за на крајот на третото обраќање да ги повлече сите аболиции.

Поврзани новости