Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас.
На средбата се разговарало за односите меѓу двете држави, за актуелната политичка состојба, како и за состојбата со мигрантите и повеќе заеднички предизвици од регионален контекст, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека партијата се залага за развивање на добрососедска политика базирана на принципиелна основа и меѓусебно почитување.
Груевски посочил дека мерките за соработка и градење на доверба меѓу двете држави кои ги воведе и започна владата на ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за релаксирање на заедничките односи и дека истите треба да бидат продолжени од актуелната влада.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така било истакнато дека стратешки интерес преставува членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО алијансата за што во изминатиот период биле направени бројни реформски процеси и достигнувања во повеќе сфери.