Иванов до Коѕијас: Најголема мерка за доверба ќе биде Грција да не ја блокира Македонија кон ЕУ и НАТО

by fokus

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас, кој престојува во посета на Република Македонија.

На средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Грција.

Претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, ја поздравил денешната посета на министерот Коѕиас на Република Македонија, како продолжение на досегашниот дијалог на министерско ниво и апелираше за забрзување на процесот на имплементација на мерките за градење доверба, преку внесување на нови содржини во билатералната соработка и предлагање на дополнителни мерки.

– Најголемата мерка која ќе влијае на меѓусебната доверба и ќе создаде уште подобра атмосфера е ако Грција ги деблокира евроатлантските процеси на Република Македонија и овозможи да не ѝ се ускратува правото на просперитет, истакнал на средбата претседателот Иванов.

Поврзани новости