407
Од Канцеларијата за врски на Грција во Скопје соопштија дека првата пратка со помош од Грција за македонските поплавени подрачја треба да пристигне попладнево.
Оттаму прецизираат дека генералниот секретаријат за цивилна заштита во соработка со грчката противпожарна бригада во земјава испраќаат пет преносни пумпи за вода и пет генератори за струја како помош за погодените од поплавите.
Од Канцеларијата додаваат дека истовремено, во тек се консултации меѓу Министерството за цивилна заштита на Грција и Министерството за внатрешни работи на Македонија за доделување на дополнителна помош што им е потребна на властите во земјава за справувње со последиците од поплавите.