И грчките ученици влегуваат во Договорот од Преспа

by fokus

Договорот од Преспа ги мобилизираше и грчките ученици кои тврдат дека „демократијата ја продаде Македонија“ и организираат протести во Солун. Нивните врсници од Атина со контра протест, повикуваат на антинационалистички и антифашистички собир.

Веројатно една од подобрите пораки во пресрет на протестите, доаѓа од грчкиот карикатурист Џон Антоно (John Antóno).  Преку карикатура на која се тројца ученици со блузи со знамињата на Македонија, Грција и Албанија, кои заедно здружено, на три јазика, му порачуваат „Фашистите надвор од училиштата“ на фашистот кој носи знаме на кое пишува „Hate“, јави дописничката на МИА од Атина.

Ученици, главно од Северна Грција, против Договорот од Преспа повикуваат на опсади на училишта и протест во Солун, ученици, главно од Атина, повикуваат на антифашистички и антинационалистички  протест во Атина – двете лица на истата монета, со главни протагонисти- учениците од грчките средни училишта.

Договорот од Преспа создаде две струи меѓу учениците во Грција – националистичка и антинационалистичка.

И едните и другите денес ќе одржат одвоени протести во различни градови. Во 11 часот по локално време во Солун, час подоцна во Атина. Судејќи според повиците и прогласите, веројатно оние вторите се побројни.

 

 

Поврзани новости