Меркел доби божиќна елка висока 11 метри

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел ја доби својата овогодишна божиќна елха, јави ДПА.

Дрвото високо 11 метри беше донесено во Берлин од соседната покраина Бранденбург и вчера е поставено пред Кабинетот на канцеларката.

Ден претходно, пред зградата на Рајхстагот беше подигната 24-метарска смрека донесена од Долна Саксонија.

Деновиве свои божиќни дрвја треба да добијат и Бранденбуршката порта и други значајни места во германскиот главен град.

Поврзани новости