766
Надлежните прават напори и градинките да се отворат од 1 октомври, јавува Канал 5.
Според информациите на телевизијата, предност за прием во градинка ќе имаат децата чии родители мора да одат на работа и не можат да работат од дома, а за тоа ќе треба да однесат потврда од работа.
Директорите на градинките подготвиле проткол според кој во една група би биле имало 15 деца, задолжително мерење на температура, посебни постелнини за секое дете, раздалеченост меѓу креветите и други правила кои ќе треба да ги применат градинките.
Иако повеќе пати беше најавувана конечна одлука за почеток на градинките, надлежните уште не соопштиле ништо. Владата веќе донесе одлука дека школската година ќе почне на 1 октомври со комбинирана настава.