И годинава К-15 за вработените во приватните компании

by fokus

Ако веќе шест месеци работите во приватна компанија во календарската година работодавачот е обврзан да ви исплати регрес за годишен одмор.

К-15 и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанството, додека вработените во јавните институции се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010. година.

Висината на К-15 зависи од износот на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40% од висината на просечната нето, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата. Според Државниот завод за статистика вработените за К-15 треба да очекуваат минимум 9.665 денари или максимум 14.190 денари.

Поврзани новости