И ги фрлила алиштата и почнала со клешти да ја удира по главата

by Fokus

Четиресет и седумгодишна жена нападнала друга жена, со која живееле во исто село, информираа од МВР.

Според полицијата, на 15.04.2018 година во 14.00 часот било пријавено дека во нива во село Усје, скопско, С.С.(47) од село Усје, го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лицето Л.С.(59) од истото село. Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг, а алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С.. Таа (С.С.) ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удрира Л.С. во пределот на главата по што и нанела видлива повреда. После тоа,  ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави.

По целосно документирање на случајот против С.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости