Малолетник случајно турнал лименка во училиштето, хигиеничарот го турнал по скалите

by Fokus

Четиринаесетгодишно момче случајно турнало лименка од прозорецот додека го чекал наставникот и добил ќотек од хигиеничарот, информираа од МВР.

Според полицијата, на 14.04.2018 година во 15.30 часот во Полициската станица Битола, 14-годишник од Битола заедно со негов родител пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот физички бил нападнат од хигиеничар во училиштето „Коле Канински“ во Битола. Додека чекал наставник, малолетникот случајно турнал лименка од прозорецот. Во тој момент хигиеничарот Ј.Т.  почнал да му вика, барајќи да ја фрли лименката во ѓубрето. Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето.

Малолетникот се здобил со повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот. Подоцна, настанот бил пријавен и од директорот за училиштето.

Поврзани новости