Името на познатиот неврохирург и поранешен министер за здравство, Венко Филипче е искористено во реклама за лекот CARDION, кој е наменет за пациенти со висок крвен притисок.
Во рекламата на веб страницата МК-NEWS, е наведено следново и секако во текстот има голем број јазични грешки:
-Венко Филипче е македонски докторе. Сите знаат дека тој не им дава на пациентите апчиња. Ама сепак сите тие оздравуваат. Освен од Македонија, тој има пациенти од други европски земји.
Венко Филипче ретко дава интервју и се стреми повеќе време да им посвети на пациентите. Ама нашиот дописник имаше среќа – познатиот доктор се согласи да одговори на неколку прашања на оние пациенти кои не се во состојба да дојдат кај него на прием.
Венко Филипче УБЕДЕН СУМ ДЕКА СЕКОЈ ЧОВЕК НА СЕКОЈА ВОЗРАСТ МОЖЕ ДА СИ ГИ ПРОЧИСТИ КРВНИТЕ САДОВИ И ДА СИ ЈА ПОДОБРИ ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА. Прочистувањето на крвните садови избавува од скокањето на притисокот како и од уште 9 хронични заболувања.
– Јас имам намера да ви кажам една работа што се надевам ќе ги натера вашите читатели малку да размислат!
КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА се основната причина за смртта. А основната причина за затнувањето на крвните садови е ХОЛЕСТЕРИНОТ. Холестеринот е најопасната материја во светот. Тој одзема повеќе животи од алкохолот, никотинот и дрогата заедно.
Кај 94% од случаите, кога умира човек на возраст до 80 години, причината за смртта е речиси 100% холестеринот.
Холестеринот го оштетува вашето здравје. Ако тој не би се таложел во крвните садови, тогаш сите луѓе би живееле до 120 години.
Како изгледа холестеринот и што тој претставува? Јас нема да ја опишувам таа материја како што тоа се прави во медицинските учебници. Ќе кажам едноставно. Претставете си ја маста што останала во тавата по зготвениот ручек. Ете како изгледа холестеринот, е наведено во објавата која е претставена како интервју со Филипче.
Проф.д-р Венко Филипче е неврохирург и нема никаква поврзаност со кардиоваскуларните заболувања. Сосема исто како и со претходните реклами за лекови во кои беа искористени имињата на професорите, микробиологот Никола Пановски, и епидемиологот Драган Даниловски, овој пат, тоа е направено и со Филипче.
Инаку, лекот се продава по цена од 1990 денари, наводно се добива попуст од 50 отсто.