391
Полициски службеници од СВР Куманово вчера од слобода ги лишиле лицата С.М.(45) и С.М.(66), двајцата од село Руница, општина Липково.
За С.М.(45) билa распишанa меѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела: „убиство во обид“и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово.
За С.М. (66), соопшти денеска МВР, била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „убиство во обид“ и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Кшање.