И ДОМ и ДС на Трајанов се заканија со напуштање на владата

by fokus

Откако лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски вечерва најави дека доколку владата го прифати францускиот предлог тие ќе излезат од владата и партиите ДОМ, на Маја Морачанин и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов кои се дел од владината коалиција се заканија дека ќе ја напушата владата.

Најавата дека ДС ќе излезе од владата ја даде генералниот секретар на Демократскиот сојуз и заменик-министер за локална самоуправа, Зоран Димитровски, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма ТВ.

На прашањето дали ќе излезете од владата доколку тие не го го отфрлат францускиот предлог, Димитровски одговори:

-Кратко речено да. Затоа реков го охрабрувам премиерот утре или кога ќе оди во Брисел да каже ’не‘ за овој предлог. Доколку каже да и доколу рамката помине и ја одржиме првата конференција со сликање, Демократскиот сојуз ќе ја напушти владата.

Од ДОМ пак испратија соопштение до јавноста во кое го соопштуваат ставот којшто го донеле едногласно на Извршниот комитет на партијата.

Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

– Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство, соопштија од ДОМ.

Поврзани новости