И Џорџ Клуни падна, само Тодор не се дава!

by fokus

 

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, сепак нема да стави крај на ергенскиот живот и да се ожени со Роза, по потекло негова сограѓанка, преселена во Холандија пред многу години, а за чија што врска известуваа голем број на медиуми пред извесно време.

И покрај тоа што уште пред околу три години, избраничката на неговото срце, Роза Ѓоргиева, гевгеличанка која што живее и работи во Холандија ни изјави дека се заедно, заљубени и среќни, а тој кратко ни прокоментира дека љубовта е интимност на која што не и потребна јавноста, нивната врска, наместо како што многумина очекуваа да заврши со свадбени ѕвона, завршила само со пријателство.

,,Со Тодор сме во добри односи, но нема никаква свадба. Немаше кавги, ниту пак лоши зборови. Слободно напишете дека ќе си остане ерген,, – ни изјави Ѓоргиева.

Петров пак, кога го замоливме за коментар околу шпекулациите дека нема да има ништо од свадбата со Роза, ни рече ,,Оставете го коментарот, живејте го животот и не пишувајте ништо,,.

За љубовната врска помеѓу Роза и Тодор знаеле голем број на нивни пријатели и нашинци кои што живеат во Холандија, и кои што често на македонските собири ги гледале заедно. Исто така, Роза во повеќе наврати објавуваше нивни заеднички фотографии на својот ,,Фејсбук,, профил.

Тие двајцата се познавале уште од млади, но Ѓоргиева одби да ни ја открие причината поради која што Петров сеуште останува ,,заколнат,, ерген. Таа неодамна го формираше македонското културно друштво ,,Гоце Делчев,, во Холандија, чија што примарна цел е да се негува македонската култура и да се зацврсти пријателството помеѓу двете земји. Во соработка со министерствата за култура на Македонија и Холандија, тие планирале многу проекти за претставување на нашата култура со музика и уметност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости