Почнува самитот на НАТО

by fokus

Во Полска, во Варшава, денеска почнува дводневен самит на НАТО на кој ќе учествуваат лидерите на 28 членки на Алијансата.

На самитот се очекува да бидат усвоени во врска со идните чекори на НАТО во однос на Русија, милитантите на Исламската држава и нападите во сајбер просторот.

Повеќето аналитичари оценуваат дека ова ќе биде најважен самит на НАТО од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Меѓу одлуките кои ќе се најдат пред лидерите е и распоредувањето мултинационални сили во Полска и Балтичките земји.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг нагласи дека Алијансата сака да му испрати на Кремљ многу јасна порака дека не сака нова Студена војна и конфронтација. „Студената војна е историја и така треба да остане. Идејата за одбрана и дијалог е идејата која ја обединува Алијансата“, изјави Столтенберг.

Македонскиот претседател не присуствува на самитот на НАТО.

Поврзани новости