Следствено ако сите си одат, зошто јас би инсистирал да останам. Вака одговори претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за МИА на прашањето дали би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција и би се повлекол и тој доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.
Во однос на парламентарните избори вели дека негов личен став е дека избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така, додека за тоа тоа дали избори за пократко време би помогнале ДУИ да успее да задржи што е можно повеќе гласови, вели дека за тоа треба пресметки да направат партиските органи.
-Јас колку што знам ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат. Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и промпно беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека ако е тоа предусловот за граѓаните ние треба да сме надвор од оваа Влада за да се изгласаат уставните измени. Раководството, лидерот тоа го соопшти, изјави Џафери.