621
Продолжува 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој започна вчера и се одржува онлајн. Како што јавува МИА, историчарите разговараат за учебниците за седмо одделение и ликот и делото на Гоце Делчев.
Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на 12. средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.
Комисијата во 2021 година се очекува да има пет состаноци.