Главната расправа за „Моќник“ презакажана за 17 мај

by Fokus 08:29
08:29

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за предметот „Моќник“ што требаше да се одржи денеска, се одложува поради смртен случај на еден од обвинетите.

Следното рочиште е насрочено за 17 мај 2021 година во 11:00 часот.

- Advertisements -

За евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста, нагласува Судот, ќе бидат благовремено информирани.

Поврзани новости