И денеска група граѓани се собра пред СЈО

by Фокус

Иако официјално немаше закажано протест, помала група на граѓани и денеска се собра пред Специјалното јавно обвинителство. Протестите се во мирување за време на празниците, но од граѓанското движење „Протестирам“ ги охрабрија сите оние кои и овие денови сакаат да го изразуваат својот револт.

-Како и секогаш, продолжуваме да охрабруваме секакви форми на отпор кон овој авторитарен и корумпиран режим, во секое време, на секое место, велат од „Протестирам“.

Истовремено, од граѓанското движење повикаа граѓаните да им се приклучат и организираат во помали акции на отпор или подготовка за следните протести.

 

Поврзани новости