И денеска дожд, сончево од среда

by Fokus

И денеска во земјава се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според најавата на УХМР, на некои места ќе има и невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Ваквото време се очекува да се задржи и утре, а од среда ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер, а низ повардарјето засилен ветер од северен правец.

 

Поврзани новости