И денеска 12 починати од Ковид-19

by fokus

Во изминатото деноноќие починаа 12 пациенти позитивни на Ковид-19, исто колку што беа регистрирани и во вчерашниот ковид билтен.

Починати се двајца пациенти од Велес на возраст од 79 и 89 години, седум пациенти од Скопје на возраст од 63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64 години, еден пациент од Прилеп на возраст од 73 години, еден од Штип на возраст од 72 години и еден пациент од Струмица на возраст од 85 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости