Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и министер за правда, Кренар Лога денеска на Фејсбук го осуди нападот врз директоротт на Агенцијата за управување со недвижен имот Дритон Небиу, како и оставениот куршум пред влезната врата на домот на Таравари во Гостивар. Според него, насилството не е решение и повика на смиреност.
„Почитувани членови и симпатизери, сакам да ве известам и да ве уверувам дека канцелариите на Алијансата за Албанците се за сите нејзини членови. Денес можеме да имаме недоразбирања и несогласувања но воопшто не треба да се одалечиме еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самолонтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе.
Го осудуваме секој ваков чин на насилство од кој било, исто како што денеска го осудуваме кукавичкиот чин врз нашиот сопартиец Арбен Таравари. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат случајот и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Сме биле толку многпати заедно што ни треба за да си го одржиме достоинството пред членовите на нашите семејствота“ вели Лога.