424
Спикерот Талат Џафери нема да закаже собраниска седница за време на претседателската кампања и ако партиите се договорат за СЈО. Џафери појаснува дека формално таква можност постои, но тој тоа нема да го стори бидејќи пратениците ги злоупотребуваат таквите седници.
Односно, Џафери вели, тие си тераат кампања на седниците и тој тоа нема да го допушти. Ако партиите ги надминат разликите нема проблем тој да закаже седница на 6-ти мај, кога ќе бидат завршени изборите.