Почина Ивко Панговски

by fokus

Во 88-та година од животот, почина доајенот на македонското спортско репортерство Ивко Панговски, спортски новинар, радиорепортер и стенограф.

Панговски беше беше спортски репортер со препознатлив глас и стил во преносите, особено на фудбалските натпревари.

Најголем дел од работната кариера ја помина во Радио Скопје, коментирајќи спортски натпревари на големи манифестации.

Тој е добитник на многу признанија и носител на признанието „Златна плакета“ од Фудбалскиот сојуз на Југославија.

Во чест на незаборавниот Ивко Панговски, натпреварите од 24. круг од Првата македонска фудбалска лига ќе започнат со со минута молчење.

Фото – ФФМ

Поврзани новости