И човекот со тетоважа од Груевски протестираше за земјоделците: Никола е мој крал, верен сум му до гроб!

by Фокус

На вчерашниот протест на земјоделците можеа да се забележат многумина функционери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, при што имаше многу функционери на локално ниво, но присутен беше и членот на партискиот Извршен комитет Цветан Трифуновски, прв човек на партиската комисија за земјоделство.

Покрај нив, можеа да се забележат и верни поддржувачи и симпатизери на партијата денес предводена од Христијан Мицкоски, меѓу кои, како што може да се види од фотографијата, е и Мирко Ризов од Неготино.

Инаку, тој стана познат поради неговите тетоважите со ВМРО, па и со ликот на поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски.

-Никола е мојот крал, и затоа никогаш не зажалив што му го истетовирав ликот! Верен сум му до гроб, нему и на партијата, тоа го пишува и под неговиот лик – изјави своевремено за Фокус Ризов, кој работи на оддржување на спортската сала во Неготино.

 

Поврзани новости