45
Бескомпромисниот став на Атлетико Мадрид во врска со можна продажба на Хулијан Алварес во Барселона, како што е желбата на фудбалерот, отвори шанса за некои премиерлигаши да се распрашаат за Аргентинецот.
Вратата за Барса е затворена, па пред Хулијан е избор: или да остане во Атлетико, каде што е во немилост на фановите, или да се врати во Премиер лигата, каде што настапуваше за Манчестер сити. Овојпат кандидати се лондонските Арсенал и Челзи. Хулијан одбиваше преселба во Арсенал, а сега во трката се вклучија и Сините.
Поради проблеми со визата за неговото семејство, Алварес не сака да оди на Островот, но од Арсенал му ветија дека ќе се погрижат сè да биде во најдобар ред и дека неговото семејство секогаш ќе биде со него.