И Бугарија ги формираше работните групи во пресрет на меѓувладината седница

by Fokus

И бугарската Влада ги формира работните групи за соработка со Македонија, кои треба да го интензивираат процесот на приближување и да го отворат патот за решавање на спорот меѓу двете земји, во рамки на новиот пристап и динамика, кои беа најавени од премиерите на двете земји, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Со наредба на премиерот, Петков, како што се наведува во соопштение на бугарскиот Министерски совет формирани се четирите меѓуресорски групи за соработка со Македонија.

Поврзани новости