ВМРО-ДПМНЕ предлага да нема техничка влада пред избори

by Fokus

Предлог законот за парламентарни избори што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, се однесува на бришење на девет точки од постојниот закон кои се однесуваат на техничка влада. Со таа промена ќе се врати моделот на функционирање на парламентарни избори или предвремени парламентарни избори пред 2016 година.

Ова денеска го истакна портпаролот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ,  Димче Арсовски на прес-конференција.

„Ние најавивме дека ќе поднесеме предлог закон за предвремените парламентарни избори кои што по секоја цена ќе се случат, без разлика што и да си замислуваат таму во СДСМ, народот повеќе не ги сака. Во тој предлог закон што ќе го предложиме, а го најави и претседателот Мицкоски, ќе има бришење на  околу девет точки од Законот што се однесуваат на техничката влада која што имавме прилика да ја видиме на кој принцип функционира изминатите години пред избори“, рече Арсовски.

Поврзани новости