По скопските средношколци, кои масовно ја бојкотираат наставата, и учениците од Битола, после празникот, нема да следат настава. Оваа одлука била донесена на состанокот на интерниот Средношколски пленум од Битола, на кој било договорено, првично бојкот на наставата да има во техничкото училиште, а потоа истиот да се прошири и во другите училишта.
Учениците побараа поддршка и од професорите против, како што велат, лошите образовни реформи и им порачаа на надлежните сериозно да ги разгледааат нивните барања за стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура.
Паралелно со бојкотот на наставата низ повеќе градови се организираат и протестни маршови. Така ќе биде се додека министерот за образование Адеми не ги прими средношколците на состанок и не ги повлече законските решенија.