И Бајден и Трамп побараа поддршка од гласачите на Ники Хејли

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден и републиканецот Доналд Трамп кои се речиси сигурни кандидати за претседателските избори во ноември ги повикаа гласачите на републиканката Ники Хејли да ги поддржат, откако таа се повлече од трката за републиканска претседателска номинација.

Бајден рече дека Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина која Трамп во својот мандат ја назначи за постојан претставник на САД во Обединеите нации, е подготвена да ја каже „вистината за Трамп“, вклучително и за „хаосот што секогаш го следи“ и „неговата неспособност да разликува добро од погрешно“.

-Доналд Трамп јасно стави до знаење дека не ги сака поддржувачите на Ники Хејли. Сакам да бидам јасен: има место за нив во мојата кампања, рече Бајден и аплаудираше што има „храброст“ да му се спротивстави на Трамп.

И Трамп, исто така, ги повика гласачите на Хејли да го поддржат.

-Би сакал да ги поканам сите поддржувачи на Хејли да се приклучат на најголемото движење во историјата на нашата земја.. Бајден е непријател, тој ја уништува нашата држава. Направете ја Америка повторно голема!!!, објави Трамп на социјалната платформата Truth Social.

Поврзани новости