375
На седница во Собранието денеска дојде и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој често како пратеник отсуствува од собраниските седници. Појавувањето на Ахмети во Собранието денеска се должи на потребата да се обезбеди кворум за изгласување на повеќе закони, вклучувајќи го и Законот за јазици.
Гласањето за овој Закон, и за многу други, беше одложувано до сега затоа што парламентарното мнозинство не успеваше да обезбеди кворум од 61 пратеник. Освен за Законот за јазици, денеска ќе се гласа и за новите уставни судии.