Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.
„Од вчера се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје. Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето кое се води како исчезнато“ изјави денеска минситерот Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта“, што ја организираше Министерството за труд и социјална политика.
Инаку, Костадиновски, кој е внук на Љубе Бошкоски од братот на неговата сопруга, исчезнал пред два дена.