Хуманоста продолжува: Борбата не завршува кај Валерија!

by fokus 14:08
14:08

Хуманитарниот концерт за седумгодишната Валерија Зафировска од Штип, кој беше најавен за во недела, во 19 часот во Дом на култура Штип, ќе се одржи, и покрај тоа што потребните средства за лекување на девојчето се веќе собрани.

Сите парични средства од концертот, ќе бидат наменети за други деца, на кои им е потребна финансиска помош за лекување.

- Advertisements -

„Борбата не завршува кај Валерија, потребна е помош и за многу други дечиња, за Хана, за Борче… Да продолжиме со поддршката и да им помогнеме колку што можеме’’ – порачуваат од здружението Цивитас, организатор на настанот.

На концертот во Штип ќе настапат повеќе имиња од музичката сцена, како Влатко Илиевски, Роберт Билбилов, Зоран Илиев, Антониа Гиговска, Панче Касапски, Александра Јанева, Трајче Ѓорѓиев, ,,Блу бенд’’ ,,Рандом парк’’ и други.

Влезниците се продаваат по цена од 100 денари.

Поврзани новости