Хуманитарна акција за помош на Христина Николовска

by Фокус

На плоштадот „Македонија“ кај кафеаната „Пелистер“ во Скопје денеска и утре ќе биде поставен хуманитарен штанд за поддршка на Христина Николовска која боледува од остеогенезис имперфекта (теки и трајни пречки на локомоторниот систем и телесни деформитети).

Николовска е седумнаесет години во количка и потребно е да се оперира во болницата „Филип Втори“ за што и се потребни 610 илјади денари по што ќе може нормално да оди.

На штадот ќе се продаваат најразлични производи, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за операцијата на Николовска.

Ваков штанд во среда и четврток ќе биде поставен и на влезот на Старата скопска чаршија пред Универзитетот на ЈИЕ.

Поврзани новости