Хуманитарна акција на Lions клубовите за унапредување на животната средина

by fokus

Утре со почеток во 10:30 часот ќе се реализира акција за чистење на пешачката патека и крајбрежјето на Велешкото езеро Младост од дива трева и отпадоци “Чиста околина”. Организатори на овој проект се Lions клуб Скопје Центар и Lions клуб Скопје Кале, а во соработка со Општина Велес и јавното претпријатие Дервен. На проектот со активно учество поддршка ќе дадат и Lions clubs international – Дистрикт 132 Македонија, Leo дистрикт Македонија, Lions клуб Велес, Еколошко друштво Вила Зора Велес, Раде Кончар ТЕП, Руле Турс, Агротехна, Конгрес Травел Сервис, Конгресен Сервисен Центар, Солопром, БАСМЕ консалтинг и тренинг, Хаусмајстор домување, Горска вода и Сава осигурување.

Целта на проектот е да се подобри проодноста на пешачката патека која се протега долж езерото, да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, но исто така и да се развие свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Со реализација на овој проект, Lions клуб Скопје Центар и Lions клуб Скопје Кале, заедно со своите партнери сакаат да придонесат за унапредување на квалитетот на животната средина и природата, како и за намалување на загадувањето кое представува закана за човековото здравје.

Ваквата граѓанаска иницијатива само ја потврдува посветеноста на Lions-ите кон заедницата преку обезбедување на поздрава и побезбедна околина за живеење.

Lions Clubs International е иницијатива на граѓани која е посветена на идентификување на потребите на заедницата и општеството и која активно се обидува да ги исполни тие потреби.

Lions Clubs International е најголема светска организација со околу 1.3 милиони членови организирани во 45,000 клубови и 205 држави. Од 1917 година, Lions клубовите им помагаат на слепите лица и лицата со ослабен вед, но исто така имаат и цврста определба да служат и на заедницата и младите во светот. Повеќе информации за Lions Clubs International, можете да најдете на веб страната www.lionsclubs.org.

Поврзани новости