Хуманитарен базар на СДСМ, собраните средства за бездомните семејства во Визбегово

by Fokus

Хуманитарен базар денеска се одржа во кругот на седиштето на Социјалдемократскиот сојуз, а собраните средства ќе бидат наменети за бездомните семејства сместени во згрижувачкиот капацитет во Визбегово и за граѓаните на кои им е потребна помош.

– Солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување се основни социјалдемократски вредности на кои што почива нашето делување, работење и функционирање како политички субјект во нашата земја. Вашето присуство денеска покажува дека силно ги поддржувате токму овие вредности. Со овој настан овозможуваме преку нашите донации, преку солидарно донирање, да им помогнеме на бездомните семејства кои што се сместени во згрижувачкиот капацитет во Визбегово, но и до сите наши сограѓани кои што се обратиле за помош до сите нас. Јас верувам дека ваквите социјалдемократски вредности навистина ја испраќаат пораката на хуманост, солидарност, меѓусебно поддржување и почитување до сите граѓани во нашата земја, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на отворањето на базарот.

Тој ги повика своите сопартијци да продолжат во духот на солидарноста и хуманоста и да градат фер, праведно и еднакво општество за сите.

На базарот беа присутни носители на јавни функции кои со купување на производи од штандовите и директно донирање на финансиските средства дадоа свој хуманитарен допринос.

Поврзани новости