За помалку од 48 часа се собрани средствата потребни за подмирување на долгот за електрична енергија на велешанката Пале И. (23) која е во домашен притвор, во трошниот дом, без струја, која била исклучена.
Сумата која се обезбеди со помош на хуманите граѓани изнесува 42.750 денари, а апелот за помош го објави Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Велешанката, жртва на семејно насилство, која борејќи се за живот додека ја давел партнерот, го прободе со нож, во домашен притвор го чека судењето.
Како што раскажаа нејзини роднини, во меѓувреме домот и бил целосно ограбен, а крадците не оставиле ништо вредно зад себе.
Пред трагичниот настан, Пале работела во фабрика, а сега бидејќи не е во состојба да заработува, се наоѓа во незавидна положба. Татко и е починат, мајка и која е тешко болна живее со роднини кои се грижат за неа, а вујко и и носел храна.
Вики Клинчарова