493
Македонските власти треба да ги штитат мигрантите, вклучувајќи ги децата и оние кои бегаат од војна, а не да ѝ даваат дозвола на полицијата да пука на нив, соопштија од организацијата за човекови права Human Rights Watch.
„Правото на Македонија да ја заштити својата граница не е поголемо од обврските кои ги има кон барателите на азил и не го оправдува игнорирањето на основните права на мигрантите. Владата мора да преземе акција против прекумерната употреба на сила против мигрантите и наместо тоа таа треба да обезбеди засолниште, храна, здравствени услуги и посебна нега и помош за децата и останатите ранливи групи“, порачуват од организацијата.